Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.109.734 лица. Од нив починати се 137.066, а оздравеле 526.786 луѓе.
За време на вонредната состојба во Њујорк, семејство од Перу во Менхетн купи осум луксузни станови во една зграда, за 27 милиони долари
Азискиот регион нема да оствари економски раст првпат од шеесеттите години од минатиот век, изјави Чанг Џонг Ре од Азиско-пацифичкиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд
Европската Унија мобилизира дополнителни 13 милиони евра помош за најранливите категории на украинското население, погодено од воениот и конфликт и пандемијата на Ковид-19
Поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден поднесе барање за продолжување на дозволата за престој во Русија за уште три години
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус како „алармантно и трагично” го оцени постојаното зголемување на бројот на смртни случаи од коронавирус низ светот
Вкупно 141 лица кои биле излекувани од новиот коронавирус, на дополнителни тестови биле повторно позитивни, објави денеска јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести
Европската комисија денеска даде поддршка за воведувањето мобилни апликации за следење на населението во рамките на борбата против коронавирусот, но потсетува дека тие апликации мора да ги почитуваат правилата на приватност на ЕУ
Истражување спроведено на голем примерок покажа дека 71 процент од Американците немаат во план веднаш да излезат од карантин, дури и доколку федералната влада објави дека карантинот е укинат
Првиот човек на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ги повика на солидарност сите членки на Европската унија, изјавувајќи дека никој од нив не бил подготвен кога се појави епидемијата од коронавирусот во Европа