Пакистанските власти го забранија извозот на антималарични лекови за да се обезбеди доволно за лекување пациенти со Ковид-19 во државата, јави ДПА.
Во изминатото деноноќие во САД се регистрирани повеќе од две илјади смртни случаи од Ковид-19, највисок број за еден ден досега.
„Луѓето треба да се навикнат на овие барања, и затоа носењето маски треба да започне сега“, нагласи тој.
Шефот на службата за јавно здравје на САД, Џером Адамс, потврди дека коронавирусот повеќе ги погодува малцинските американски заедници.
Аргентина ќе го продолжи карнтинот што го воведе на 20 март како мерка за контрола на ширењето на коронавирусот, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандез.
Како што пренесуваат странските агенции, ерупцијата траела непрекинато од синоќа до утрово.
Претседателот на Светска банка, Дејвид Мелпас изјави дека е уверен дека ќе се постигне договор со Меѓународниот монетарен фонд за привремено суспендирање на долговите на најсиромашните земји во светот.
Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина половина милион, иако постојат индиции дека тоа што Американците остануваат дома помага во борбата против инфекцијата.
Според ТАСС, во Русија пристигнале десетмина кинески експерти од Харбин.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше група од супер менаџери кои, како што е најавено, треба да проучат како да ја започнат реконструкцијата на државата во т.н. „Фаза 2“, што ќе се случи по завршувањето на вонредната состојба предизвикана од епидемијата на коронавирусот.