Околу 80 деца денеска се киднапирани во градот Баменда, северозападен Камерун.
Апелацискиот Суд во Брисел денеска одлучи дека Кралот Алберт Втори, кој абдицираше во 2013 година во корист на својот син Филип, мора во наредните три месеци да биде подложен на ДНК анализа, со цел да се утврди дали е навистина татко на Делфин Боел.
Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт”, Бил Гејтс, очекува во блиска иднина да се воведат посебни даноци за роботи, кои би придонеле за зачувување на работните места на луѓето.
Руски воени авиони вчера упаднаа на најголемата воена вежба на НАТО од завршувањето на Студената војна, ризикувајќи со таков инцидент да предизвика војна со 29 земји-членки на Алијансата.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервјуа за американските телевизии Фокс њуз и Си-Би-Ес њуз ја бранеше одлуката на претседателот Доналд Трамп за враќање на санкциите кон Иран, кои денеска стапуваат во сила.
Билансот на жртвите во невремето, проследено со силен ветер и поројни дождови, што минатата недела ја погоди Италија, според последните податоци изнесува 30 загинати, од кои 12 ги загубиле животите на Сицилија, соопштија синоќа италијанските власти.
Кина ќе вложи уште поголеми напори за да го зголеми увозот и да ги прошири своите пазари, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на отворањето на кинескиот Меѓународен саем за увоз.
Аукциската куќа Херитиџ во Далас соопшти дека по највисока цена, од 468.000 долари, е продадена неговата идентификациска значка со лунарен модул Аполо 11.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека следната недела ќе се сретне со висок претставник на Северна Кореја.
Саудискиот принц Халед бин Талал, кој беше уапсен поради критикување на минатогодишната акција за сузбивање на корупцијата, е ослободен од притвор.