Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го пофали договорот на водечките светски производители на нафта за намалување на производсвото на сирова нафта на глобално ниво и порача дека , благодарение на тоа, ќе се сочуваат работни места во американската индустрија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопштија синоќа од кабинетот на шефот на турската држава
Велика Британија е во најдобро издание кога се соочува со криза, оцени британскиот принц Вилијам за време на разговор со хуманитарни работници, кои им помагаат на луѓето во време на пандемијата на коронавирусот
Саудиска Арабија, Русија и другите земји извознички на нафта од ОПЕК+ и групата Г-20 синоќа склучија конечен договор за кратење на вадењето сурова нафта во висина од 9.7 милиони барели дневно
Израелскиот претседател Рувен Ривлин го отфрли барањето на лидерот на партијата Сино и Бело, Бени Ганц, да го одложи формирањето на новата коалициска влада за две недели, што значи дека Ганц и премиерот Бенјамин Нетанјаху имаат рок до полноќ да постигнат договор.
Израелската влада денеска одобри воведување карантин во неколку делови на Ерусалим, вклучувајќи го и Стариот град, во обид да го спречи ширењето на коронавирусот во најчувствителните квартови на градот.
Папата Франциск во велигденската порака своите мисли ги упати до сите оние кои се погодени од коронавирусот – болните, починатите и нивните семејства, повикувајќи го светот да го остави оружјето, да ги намали санкциите и да ги отпише долговите кон сиромашните земји за да се спротивстават на епидемијата, а ја предупреди и Европската унија.
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи голема катастрофа во државата Вајоминг поради пандемијата на новиот коронавирус и сега сите 50 држави во САД се во тој статус.
Предупредуваат и за недостиг на заштитна опрема, пренесуваат локалните медиуми.
Од денеска, САД се држава со најголем број починати лица од коронавирусот – 20.580.