Уште 103 членови од екипаж на американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ се позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени достигна 550, соопшти американската морнарица.
Франсоа Лего, премиер на најголемата провинција во Канада, се обрати пред јавноста и објави дека 31 жител на дом за стари лица со медицинска нега, починале во Монтреал откако се појавил во него новиот коронавирус. Голем дел од персоналот на тој дом – едноставно „исчезнал“.
Папата Франциск ги повика луѓето за време на велигденската миса во празната црква „Свети Петар“ да „не се препуштат на стравот“ и да се фокусираат на „пораките на надеж“.
Во Франција во последните 24 часа од вирусот Ковид-19 починаа 561 лице, со што вкупниот број смртни случаи изнесува 14.393 лица, јави дописникот на МИА од Париз.
Во Турција денеска се потврдени уште 4.789 случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број достигна 56.956 лица.
Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се шест нови смртни случаи, три жени и тројца мажи, на просечна возраст од 57 години, со што вкупниот број на починати изнесува 80 лица, со смртност во однос на заразените од 2,02 отсто.
Во Италија денеска починаа 431 лице како последица на вирусот Ковид-19, што е најмал број во еден ден од 19 март.
Италијанската влада нареди мигрантите кои се наоѓаат на бродот во близина на брегот на Сицилија да бидат префрлени на друг брод за да бидат тестирани за вирусот Ковид-19, наместо да им се дозволи да се симнат.
Данска е една од првите европски земји што пред еден месец воведе мерка за затворање на училиштата.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска е отпуштен од болница каде што беше на интензивна нега поради коронавирус, соопшти Даунинг стрит.