Околу илјада луѓе синоќа во центарот на Техеран бараа оставка од врховниот ирански верски лидер ајатолахот Али Хамнеи и ги кинеа сликите на убиениот ирански генерал Касим Сулејмани
Најмалку 11 лица, меѓу кои и двајца работници во службите за итни случаи, загинаа во силното невреме што ги погоди јужните делови на САД и области на Средниот Запад
Американскиот државен секретар Мајк Помпео остро го осуди нападот врз воздухопловната база, Балад во Ирак, во кој беа повредени четворица ирачки војници
Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон ги повикаа денеска сите страни во Иран да покажат воздржаност.
Во германскиот град Дортмунд се спроведува евакуација на населението, откако се пронајдени неексплодирани бомби од Втората светска војна.
Германската канцеларка Ангела Меркел повторно ги повика сите страни да го почитуваат нуклеарниот договор со Иран, и покрај одлуката на Техеран да го зголеми збогатувањето на ураниум и дејствијата на САД да воведат економски санкции.
Лидерот на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Насралах изјави денеска дека иранскиот напад врз двете американски воени бази во Ирак е само почеток на одмаздата, бидејќи САД го убија иранскиот генерал Касим Сулејмани.
Директорот на меѓународната организација Хјуман рајтс воч, Кенет Рот изјави денеска дека властите во Хонгконг му забраниле влез на таа територија.
Четворици ирачки војници се повредени денеска во напад врз ирачката воздухопловна база Балад, во која се сместени американски сили, соопштија два воени извора.
Трамп вчера ја поздрави храброста и стремежот на демонстрантите во Иран и предупреди да не се врши масовно убиство врз нив.