Речиси половина милион луѓе бес евакуирани во изминатите три недели од згради низ Москва поради лажни терористички закани, јавија руски медиуми.
Европратениците денеска во втор круг гласаат за идниот медијатор (или медијаторка) на Европската Унија, фаворит е сегашната бранителка на правата на европските граѓани, Емили О’Рајли.
Унгарија загуби 8,5 милијарди долари поради санкциите против Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто во интервју за РТВИ.
Првичните апликации за азил во Европската унија се зголемија за 12 отсто во третиот квартал од годината во однос на вториот, на 166.400, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.
Најмалку 280.000 луѓе во моментот се бездомници во Англија, додека десетици илјади се изложени на ризик да ги загубат своите домови, се вели во годишниот извештај на добротворната организација „Шелтер“.
Претставничкиот дом на САД денеска се очекува да изгласа импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп за наводна злоупотреба на власта и опструкција на Конгресот. Одлуката се очекува да биде донесена од демократите по партиска линија.
Јахта долга 86 метри е сериозно оштетена откако удри во пристаниште на карипскиот остров Сен Мартен.
Јапонскиот суд му нареди на познатиот телевизиски новинар Норијуки Јамагучи да и плати 3,3 милиони јени (30.000 американски долари) отштета на новинарка Шиори Ито која го обвини за силување.
Сите ресторани на „Мек Доналдс“ во Перу се затворени поради дводневна жалост, откако двајца млади вработени настрадаа од струен удар во главниот град Лима.
Новогодишниот огномет во Хонг Конг првпат во една деценија ќе биде откажан, поради шестмесечните протести кои го зголемуваат безбедносниот ризик, соопшти туристичката заедница.