Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД се подготвени да воведат санкции за ирачките службеници кои ја крадат државата и оние кои се одговорни за смртта на демонстранти
Независен експерт кој работи со канцеларијата на ОН за човекови права проценува дека има повеќе од 100.000 деца во центрите за притвор за мигрантите во САД
Европската унија се уште смета дека израелското населување на окупираната палестинска територија е нелегално според меѓународното право и дека е закана на можноста за траен мир, рече шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини
Јеменските Хути киднапирале три бродови во Црвеното Море, од кои едниот и припаѓа на Саудиска Арабија.
Најмалку 10 работници, меѓу кои пет странски државјани, загинаа, а 35 се повредени во денешниот воздушен напад врз фабрика за бисквити во Триполи, соопшти претставникот на ОН за Либија Гашан Салам.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара ќе почне нова воена операција во североисточна Сирија, доколку областа не се „исчисти “ од терористи.
Демонстрантите во јужниот дел на Ирак ги блокираа патиштата што водат до главното пристаниште, додека Централната банка го намали работното време поради протестите.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео планира да објави дека САД го омекнуваат ставот за изградба на израелски населби во окупираниот Западен Брег, јавија американските медиуми.
Четворица индиски војници и двајца цивили денеска загинаа во лавина на глечерот Сијачен на источниот крак на Хималаите на надморска височина од 5.700 метри, а осум лица останале заробени, соопшти индиското Министерство за одбрана.
Жителите на неколку боливиски градови пријавиле дека имаат недостиг од храна и бензин заради протестите на приврзаниците на соборениот претседател Ево Моралес.