Осум патници загинаа денеска, а неколкумина се сметаат за исчезнати кога мал дрвен чамец потона во Пакистан поради преоптоварување.
Турција ги обвини курдските единици за ослободување на повеќе од 800 милитанти од терористичката „Исламска држава“ во Сирија.
Венеција се враќа во нормала, откако поради плимата беше поплавена трипати во една седмица. Според метеоролошките прогнози нивото на водата се спушта, а денеска повторно се отворени училиштата, соопштија градските власти.
Кинеските власти денеска соопштија дека е потврден трет случај на чума во земјата. Болеста е дијагностицирана кај маж кој убил и изел див зајак.
Останува уште многу да се направи за потрошувачката на антибиотици во Франција, иако таа беше стабилизирана, па дури и малку намалена по медиумските кампањи
Порталот „Еуроактив“ објави анализа за состојбите во Јужна Америка истакнувајќи дека во десет држави има протести и немири на кои „не им се гледа крајот“
Aвиокомпанијата Американ ерлајнс во 1980-тите имала финансиска криза, по што оттаму се решиле на еден несекојдневен чекор – авионски билети за доживотно користење на првата класа за 250.000 долари
Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на брегот на Гуам во Тихи Океан, соопшти американскиот Геолошки институт
Кина денеска ја повика американската војска да престане да демонстрира сила во Јужното Кинеско Море со цел да се избегнат „нови несигурности“ во врска со Тајван
Русија почна да произведува ракетен систем С-400 наменет за Индија, а според договорот испораката треба да биде до 2025 година, изјави извршниот директор на рускиот државен производител „Ростек“, Сергеј Чемезов