Приходите од нафтените полиња во североисточна Сирија ќе одат кај силите поддржани од Вашингтон, а не во Соединетите Американски Држави, соопшти Пентагон
Девет членки на Европската унија го повикаа новиот состав на Европската комисија да воведе данок за авиокомпаниите на ниво на целата Унија, со цел повеќе да плаќаат за заштита на животната средина од загадувањето
Јавното мислење во Франција е критично настроено за политиката на владата во областа на имиграцијата, но Французите сепак ги одобруваат новите најавени мерки на владата со кои се заоструваат критериумите за доаѓање и барање на азил во Франција
Германската полиција објави дека обновува проверки на граничните пунктови, јави ДПА. Лица на кои им е забрането повторно да влезат во земјата ќе бидат вратени на сите внатрешни германски граници, соопшти централата на сојузната полиција во Потсдам
Повеќе од 52 милиони луѓе во 18 африкански земји се соочуваат со глад како резултат на климатските промени, сиромаштијата и вооружени конфликти, се вели во извештај на Оксфам
Најмалку пет луѓе загинаа и над 120 се повредени во земјотрес земјотрес со интензитет од 5,8 степени што го погоди синоќа северозападен Иран
Иран ја предупреди меѓународната заедница дека Црвеното Море не е безбедна рута, нагласувајќи дека три нивни танкери биле нападнати за шест месеци во тоа подрачје
Генералното собрание на ОН го осуди американското економско ембарго на Куба веќе 28. година по ред, со што ги отфрли критиките на САД за злоупотреби на човековите права на Хавана и ги критикуваше заострените мерки на Вашингтон
Демократите во Конгресот најавија окончување на процедурата за импичмент на претседарелот Доналд Трамп до Божиќ, односно 25 декември.
Во Италија од денеска стапи во сила одлука според која родителите на мали деца мора да постават аларми на детските седишта во автомобилите, со цел расеаните возрасни да не ги забораваат децата во возилото.