Земјите членки на ЕУ денеска ги одобрија вонредните мерки за земјоделците, предложени од Европската Комисија, како одговор на невообичаените горештини и сушата кои ја зафатија Европа ова лето
Заменик лидерот на либанскиот Хезболах, Наим Касем се закани дека во следните денови таа организација ќе даде „изненадувачки“ одговор на повеќето напади кои се извршени од Израел
Украинскиот суд денеска го ослободи од затвор рускиот новинар Кирил Вишински, што веројатно претставува сигнал дека долгоочекуваната размена на заробеници со Русија се враќа на дневен ред
Српскиот претседател Александар Вучиќ се уште нема добиено покана од Полска да присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна, пишува денешна Политика
Во напад на ноќен клуб во крајбрежниот мексикански град Коацакоалкос се убиени 23 лица, а 13 се повредени
Франција ја предложи Силви Гулар, заменичката гувернер на Банката на Франција и поранешна европратеничка, за кандидат за комесар на ЕУ, изјави денеска француски дипломатски извор
Врховниот суд на Индија почна да ја разгледува жалбата на владината одлука да го укине специјалниот статус на индискиот дел на Кашмир и побара од Владата да ја образложи својата позиција пред судиите
Индонезиските владини сили денеска отворија оган врз демонстранти во Папуа, при се убиени шест луѓе додека се обидувале да се пробијат во седиштето на локалната влада во областа Даиваи, соопштија медиумите повикувајќи се на портпарол на сепаратистичката група
Колумбиската полиција заплени 300 килограми канабис во мртовечки сандак во подрачјето Сантандер
Тропската бура Доријан се приближува кон Порторико и се заканува дека на својот пат кон американското тло ќе се претвори во ураган