Заменик лидерот на либанскиот Хезболах, Наим Касем се закани дека во следните денови таа организација ќе даде „изненадувачки“ одговор на повеќето напади кои се извршени од Израел.

Тензиите меѓу Израел и Хезболах драстично се зголемија изминатата сабота, откако двајца члена на таа организација беа убиени во израелскиот воздушен напад во Сирија, а потоа два дрона, за кои се тврди дека се израелски, паднале во упориште на Хезболах во Бејрут.

Израел ја презеде одговорноста за нападот во Сирија, но останатите напади не ги коментира. Постојат гласини и дека дроновите се можеби ирански.

– Сакаме нападот да биде изненадување и нема интерес да се влегува во детали. Следните денови тоа ќе се обелодени, истакна Касем.

Израелската војска се подготви за евентуална одмазда на Хезболах и распореди дополнителни војници на северната граница, ограничувајќи го донекаде движењето долж неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2019 17:56