Двата масовни оружени напада во САД, во кои за 24 часа се убиени 29 лица, ја поттикнаа политичката дебата во земјата за контрола на оружјето, а некои демократски претседателски кандидати го обвинија шефот на државата Доналд Трамп за предизвикување расни поделби, а пак тој порача дека „омразата нема место во САД“
Првиот човек на извршната власт во Хонг Конг, Кери Лам, денеска изјави дека нема да поднесе оставка заради антивладините протести и денешниот генерален штрајк
Американски ракети со среден дострел нема да бидат распоредени во Австралија, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, откако САД соопштија дека планираат поставување проектили во азиско-пацифичкиот регион
Тензиите меѓу Индија и Пакистан имаат потенцијал да прераснат во меѓународна криза и сега е вистински момент американскиот претседател Доналд Трамп да посредува, изјави пакистанскиот премиер Имран Кан
Британците стравуваат дека новите руски подморници „Варџавјанка“ и „Проект 636“, познати како подморница од класата „Кило“, кружат во британските територијални води , а Кралската морнарица не ги гледа и не ги слуша, пренесе денеска лондонски „Телеграф“, повикувајќи се на високи воени извори
Полицијата во централниот дел на Германија соопшти дека еден маж од мост на автопат го фрлил и убил својот девет годишен син, а потоа извршил самоубиство
Нуон Чеа, главниот идеолог на комунистичкиот режим на Црвените Кмери, почина вчера, соопшти камбоџанскиот Суд за геноцид, што е поддржан од Обединетите нации
Руски воен авион во еден ден исфрлил повеќе од 1.200 метрички тони вода на подрачјата зафатени од шумските пожари во Сибир, постигнувајќи напредок во гаснењето на огнот
Мексико размислува да поднесе барање за екстрадиција на осомничениот за саботниот масакр во Ел Пасо, Тексас, бидејќи шестмина од загинатите се мексикански државјани, соопшти министерот за надворешни работи на оваа земја, Марсело Ебрард, јави ДПА
Турската војска ќе спроведе операција источно од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија, во зоната под контрола на курдските Сили за заштита на народот, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган