Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер го прекина одморот откако утрово 40-годишен маж од африканско потекло уби дете, туркајќи го под воз.
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлем Дезир денеска изрази загриженост заради нападите врз новинари и опструкцијата на медиумските активности во текот на демонстраците од саботата во Москва.
Израелската арапска партија Балад одлучи да им се придружи на другите арапски партии со заеднички листи да учествуваат на новите избори во Израел, што веќе се закажани за септември, соопшти денеска партијата, пренесе ДПА.
Моментно не се планира одржување нова средба на врвот меѓу лидерите на САД и на Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео пред Економскиот клуб во Вашингтон.
Руското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека од почетокот на годината странските државјани сториле речиси 19.000 кривични дела во земјата.
Француската асоцијација Робин де Боа соопшти денеска дека поднела тужба до парискиот суд поради намерно загрозување на човечки животи од испрарување на олово во пожарот кој ја зафати катедралата Нотр Дам.
Шест години по исчезнувањето во Сирија можено е, сепак, италијанскиот католички свештеник Паоло Дал’Олио да е жив, изјави денеска неговото семејство, јави ДПА.
Велика Британија ја отфрли денеска идејата за размена на задржаните нафтени танкери со Иран
Британскиот премиер Борис Џонсон ќе ја покрене најголемата владина пропагандна кампања во земјата од Втората светска војна, во обид да ја добие поддршката на јавноста за својот план во однос на Брегзт, објави денеска „Дејли телеграф“.
Кина ги осуди антивладините протести во Хонг Конг како разурнувачки, на една од ретките прес конференции на која некои кинески функционери ја коментираат кризата во овој автономен кинески град.