Талибанците денеска соопштија дека нема да почнат директни разговори со владата во Кабул и ги демантираа информациите дека таква средба веќе е испланирана и закажана, пренесоа британските медиуми
Северна Кореја го ослободи рускиот рибарски брод и членовите на екипажот, кои беа притворени на 17 јули, соопшти утринава руската амбасдада во Пјонгјанг
Индиските власти ќе распоредат 10.000 припаднци на паравоените сили во немирната северна држава Џама и регионот Кашмир, со цел да ја засилат операцијата против бунтовниците, пренесуваат медиумите
Претседателот на иранската Организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи, денеска соопшти дека Техеран планира да ја обнови својата активност во нуклеарниот реактор за тешка вода во Арак, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се информации на локалните медиуми
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на вчерашната посета на Балтичкиот остров Хогланд, од една мала истражувачка подморница ( батискаф), на дното во Финскиот залив, ги разгледуваше остатоците од друга потопена подморница, јавија руските медиуми
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди Јапонија, во близина на јужниот дел на островот Хоншу, соопшти Европскиот центар за следење на земјотреси (ЕМСЦ)
Романскиот министер за внатрешни работи му даде отказ на шефот на полицијата откако во едно село на југот од земјата беше убиена тинејџерка, која имала испратено повеќе телефонски повици за итна реакција, но истите биле занемарени
Полицијата вчера привела околу 1.300 лица кои учествуваа на неодобрениот митинг пред канцеларијата на градоначалникот на Москва, соопшти денеска ДПА повикувајќи се на изјави на активисти
Плановите во центарот на Прага повторно да се постави барокен столб со позлатена статуа на Дева Марија на врвот предизвикаа верски контроверзии во Чешка, европска земја со најмалку религиозни граѓани
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека ЕУ во изминатите пет години направи сериозни грешки, пред се, во економијата и миграцијата