Во рација на ФБИ во Аризона откриени се голем број делови од човечко тело, натрупани во фрижидер. Упадот е извршен во поранешниот Центар за донација на органи.
Унгарската полиција денеска ги евакуираше жителите од еден кварт во Будимпешта поради отстранување на бомба заостаната од Втората светска војна.
Германскиот концерн „Сименс“ ќе работи на енергетската ефикасност на американскиот камп на Куба, Гвантанамо.
Европа треба да учествува во стратешкиот дијалог помеѓу Русија и САД за разоружувањето, а да не е само набљудувач, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Вулканот Тангкубан Параху денеска се активира и исфрли пепел неколку стотина метри во висина, по што е издадено предупредување за опасност.
Летовите на двата најпрометни аеродрома во Лондон, Хитроу и Гетвик се пренасочени поради технички проблеми во главниот центар за контрола на воздушниот сообраќај за јужна Англија, соопштија денеска аеродромските служби.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон го изнесе својот став за Брегзит, изјави неговиот портпарол.
Американскиот генерал Џозеф Данфорд изјави денеска дека е умерен оптимист за напорите да се постигне договорено решение за ставање крај на речиси 18-годишната авганистанска војна.
Локални избори во Унгарија ќе бидат одржани на 13 октомври, соопшти денеска шефот на државата Јанош Адер.
Силеџиското однесување на новиот британски премиер Борис Џонсон нема да ја принуди Европската унија да ги компромитира своите принципи, предупреди Норберт Ретген, германски пратеник и сојузник на канцеларката Ангела Меркел.