Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси, првиот демократски избран шеф на земјата, почина денеска на 92-годишна возраст, соопшти неговиот кабинет
Во пресрет на денешното гласање за тоа дали вршителот на должноста премиер на Шпанија, Педро Санчез да остане на функцијата, неименуван извор открива дека преговорите меѓу Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) и левичарскиот сојуз Унидас Подемос на Пабло Иглесијас за формирање влада се „целосно неуспешни“, пишува весникот „Ел Паис“
Амстердамскиот аеродром Схипхол ги предупреди патниците дека и денеска може да продолжи одложувањето летови, предизвикано од проблеми во испораката на гориво
Најмалку 12 луѓе загинаа денеска при експлозија на три бомби во авганистанскиот главен град Кабул, од кои една е активирана во автобус со кој се превезувале владини службеници
Веќе 2000 години температурите на планетата не се зголемиле толку брзо како сега. За да се дојде до овие заклучоци истражувачите користеа податоци за температурата составени од речиси 700 индикатори, вклучувајќи ги прстените на дрвјата и ледените моркови
Две училишта во центарот на Париз, кои во текот на летото прифаќаат околу 180 деца како дел од рекреативниот летен центар, по одлука на градот Париз беа затворени во четвртокот поради високата концентрација на олово
Полицијата во Пакистан уапси стотици политички активисти во рамки на острите мерки кои се преземаат пред протестите што ги планираа опозициските групи една година по националните избори кои ги одбележаа обвинувања за манипулација
Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, синоќа изјави дека ќе поднесе оставка следната недела
Авион на азербејџанското воено воздухопловство МИГ-29 синоќа се урнал во Каспиското Море, а пилотот се води како исчезнат, соопшти денеска азербејџанската армија
Астон Мартин најави дека годинава очекува пониска продажба отколку што се планирало, поради светската побарувачка, како и поради Брегзит. Поради тоа, цените на акциите во компанијата паднаа за нешто над 20 отсто