Повеќе од илјада пожарникари учествуваат во гаснење на три големи пожари во централниот дел на Португалија, а властите наложија делумна евакуација на едно село од безбедносни причини
Рускиот хуманоиден робот ФЕДОР ќе тргне на 22 август на Меѓународната вселенска станица и таму ќе помине една и пол недела, најави денеска генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин на космодромот Бајконур
На педесетмина индонезиски полицајци во провинцијата Источна Јава им е наредено да почнат со напорна програма за слабеење, бидејќи се премногу дебели и не можат да бидат ефикасни во својата работа, соопшти полицијата
Американскиот астронаут Баз Олдрин, кој точно пред пет децении заедно со Нил Армстронг и Мајкл Колинс полетаа кон Месечината во историската мисија „Аполо-11“, повика Вашингтон да ги надмина политичите и лоби интереси и да испрати луѓе на Месечината и на Марс
Најмалку шест лица го загубиле својот живот поради рекордно високите температури во САД, објави радиото Гласот на Америка
Во Украина денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои се очекува партијата на новиот шеф на државата Володимир Зеленски да освои мнозинство гласови
Иранските власти денеска соопштија дека сите 23 членови на екипажот на запленетиот британски танкер со нафта „Стена Имперо“ се на безбедно и со добро здравје
Јапонците денеска бираат претставници на Горниот дом на Парламентот, каде, како што се очекува, владејачкиот блок на премиерот Шинѕо Абе ќе го зајакне мнозинството
Британскиот министер за правда Дејвид Гок изјави дека в среда ќе поднесе оставка доколку Борис Џонсон победи на внатрепартиските избори во Конзервативната партија и стане нов премиер на Велика Британија
Опасен топлотен бран го зафати западниот дел и источниот брег на САД, а загрозени се повеќе од 200 милиони луѓе