Жителите на Крајстчрч го предадоа денеска своето оружје во замена за пари, во првата од планираните 250 акции на кои граѓаните на Нов Зеланд ќе можат да го предадат своето оружје
Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге прогласи вонредна состојба на островот Мауи, каде изби голем пожар поради што се евакуирани повеќе илјади луѓе
Министерот за труд на САД, Александар Акоста, објави денеска дека си поднесува оставка. Тој неговата одлука ја соопшти на прес-конференција во Белата куќа, додека до него стоеше претседателот Доналд Трамп, кој потврди дека тоа е одлука на Акоста
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер денеска ја погоди областа Три езера во сојузната држава Вашингтон, соопшти Американскиот геолошки институт
Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји денеска изјави дека САД не треба да си „играат со оган“ во врска со Тајван, откако Вашингтон најави дека планира да им продаде оружје вредно 2,2 милијарди долари
Кинеската полиција уапси 19 лица, меѓу кои четворица британски државјани, поради обвинение за користење дрога во покраината Џангсу, соопшти Британската амбасада во Пекинг
Новоизбраниот претседател на Литванија, Гитан Наусед денеска положи свечена заклетва во Парламентот
Француската Влада најави дека ќе воведе еко-такса на сите летови кои ја напуштаат земјата. Таксата ќе изнесува до 18 евра, пишува Индепендент
НАТО денеска ја предупреди Турција на „потенцијалните последици” од купувањето на рускиот протививздушен ракетен систем за одбрана С-400, откако во оваа земја пристигна првата пратка со дел од опремата, јави ДПА
Најмалку шест лица загинаа, 13 други се повредени, а осуммина се водат за исчезнати откако обилните монсунски дождови денеска предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави низ Непал, јави ДПА