Новоизбраниот претседател на Литванија, Гитан Наусед денеска положи свечена заклетва во Парламентот.

Наусед во својот говор ја истакна потребата за зачувување на стратегискиот курс на земјата кон посилна евроатланска интеграција и тесни врски со ЕУ и САД.

Тој истакна дека во надворешната политика Литванија останува доверлив партнер „кој ќе се потпира на вредностите и нормите на меѓународното право“.

– Неопходно е да ги развиваме билатералните односи со соседните Полска, Латвија и Естонија и заедно да се стремиме кон енергетска независност и да ги браниме нашите интереси во ЕУ и во НАТО, истакна Наусед.

Насуд, кој беше избран на претседателската функција кон крајот на мај, повеќе години беше советник на претседателот на една од најголемите комерцијални банки во Литванија.

Педесет и петгодишниот банкар, кој ќе ја предводи Литванија во наредните пет години, е познат по своите коментари и аналитички написи во медиумите за економски прашања.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2019 15:02