Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер денеска ја погоди областа Три езера во сојузната држава Вашингтон, соопшти Американскиот геолошки институт.

Странските агенции пренесуваат дека неколку минути по овој земјотрес следел уште еден од 3,5 степени во близина на градот Монро, на 48 километри североисточно од Сиетл.

Засега нема извештаи за повредени или штети.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2019 16:15