Во данскиот главен град Копенхаген деновиве се одржува традиционалниот Конгрес на дедо-мразовци, на кој годинава присуствуваат 150 претставници од целиот свет
Новата министерка за одбрана на Германија и наследничка на канцеларката Ангела Меркел на чело на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер, позната и како АКК, увери дека земјата ќе го исполни барањето на НАТО да троши по два проценти од БДП за одбрана до 2024 година, пишува „Њу Јуроп“ (New Europe) чие седиште е во Брисел
Индија демантира дека премиерот Наренда Моди побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во долгогодишниот конфликт со Пакистан за Кашмир, пишува Си-Ен-Ен
Американскиот државен секретар Мајк Помпео јасно порача дека Велиа Британија треба самата да ја осигура безбедноста на своите бродови во Персискиот залив, пишуав европската редакција на Политико
Во Парламентот на Шпанија почна дебата за формирање нова влада и ако Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчез не добие поддршка од 176 од вкупно 350 пратеници, ќе се одржи нов круг во кој ќе може да биде избрана и со помалку гласови, ако некои партии бидат воздржани
Американската Влада донела одлука со која експресно го забрзува процесот на депортација на емигрантите без потребни документи и на тој начин ќе ги заобиколува судовите
Повеќе од илјада пожарникари веќе трет ден се борат со пожарите во централниот дел на Португалија во кои досега се повредени најмалку 39 лица
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека кинескиот претседател Си Џинпинг се однесува „многу одговорно“ во врска со протестите во Хонг Конг, почнати заради предложениот зкаон за екстрадиција што ќе овозможи жителите на автономниот регион да бидат испорачувани на судење во Кина
Новиот „механизам за солидарност“ кој го предложија Германија и Франција за распределба нa мигранти внатре во ЕУ го прифатиле 14 земји членки на Унијата, соопшти синоќа францускиот претседател Емануел Макрон
Пожар на инсталациските кабли предизвика доцнење и хаос на главната железница во Италија, објавија италијанските медиуми.