Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави дека Владата треба да се спротивстави на екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека стравува од ширење на заразни болести во Либија, поради се поголемиот број на лица кои ги напуштаат своите домови, бегајќи од борбите во околината на Триполи.
Еквадорските обвинители би можеле да забранат излез од земјата на двајца Руси, за кои се сомневаат дека се хакери и оти се поврзани со Џулијан Асанж, изјави еквадорската министерка за внатрешни работи Марија Паула Ромо.
Кинеската царинска служба соопшти дека во текот на март извозот на Кина се зголемил за 14,2 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 198,7 милијарди долари, што претставува најголем раст во последниве пет месеци.
Италија, поранешниот колонизатор на Либија, ја предупреди Франција, која има добри односи со генералот Калифа Хафтар, да не поддржува ниту една фракција во Либија.
Најмалку 14 лица загинаа, а 15 други се ранети денеска при експлозија на бомба на пазар во пакистанскиот град Куета.
Поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа, кој од 2017 година живее во егзил во Белгија, го обвини неговиот наследник претседателската функција Ленин Морено, дека е „најголемиот предавник во јужноамериканската историја“ поради апсењето на Џулијан Асанж.
Една година по студената трговска војна со Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и покачувањето на царините од двете страни, земјите членки на ЕУ постигнаа договор за започнување трговски преговори со САД, јави дописничката на МИА од Брисел.
Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи вонредна седница за состојбата во Судан, соопшти портпаролот на Мисијата на Русија при ОН, Фјодор Сржижовски.
Со одлуката за одлагање на британското истапување од ЕУ за шест месеци, избегнато е „страшното сценарио“ за Брегзит без договор, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.