Израелскиот вселенски брод Берешит не успеа да слета на Месечината. Роботот се урна, соопшти тимот, кој ја следи мисијата.
-Во време кога е донесена одлуката за укинување на азилот, постоеше само случај во Велика Британија за кршење на условите за кауција, рече Валенсија во обраќањето пред Парламентот во Кито.
За неговите приврзаници, Џулијан Асанж е храбар борец за вистина, но за критичарите тој единствено бара публицитет и ги загрозува луѓето објавувајќи чувствителни информации, пишува Би Би Си во текст по повод неговото денешно апсење
Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да го коментира денешното апсење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, велејќи дека не знае ништо за тоа
Обвинетиот Мирослав М. призна дека минатата година го убил словачкиот новинар Јан Куцијак, објави денеска словачката телевизија РТВС, повикувајќи се на полициски извори
Уставниот суд на Јужна Кореја денеска ја прогласи за неуставна забраната за абортус во земјата по 66 години
Европската унија ги евакуира членовите на својата мисија за помош во Триполи поради зајакнување на нападите во тој град под офанзива на силите на командантот Калифа Хафтар
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе организираат кон крајот на април во Берлин конференција на која се поканети земјите од Западен Балкан, но и Хрватска и Словенија, како и претставници на Европската Комисија
Првата приватна тужба поврзана со катастрофата на авионот на „Боинг“, 737 Макс, во Етиопија денеска беше поднесена во суд во САД, јави агенцијата Итар-Тасс
Владите на земјите членки на ЕУ се договорија да почнат официјални трговски преговори со САД, истакна неименуван извор од Унијата