Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД се вистински лидер на светскиот тероризам.
Привремениот претседател на Казахстан Касим-Жомар Токаев за 9 јуни свика предвремени претседателски избори во Казахстан, откако долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбаев се повлече минатиот месец по три месеци на власт.
Економијата на Кипар претрпе сериозен удар поради заминувањето на рускиот капитал од островот, пишува грчкиот весник „То Вима“ повикувајќи се на интернет страницата Philenews.gr.
Минатомесечните напади врз џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во новозеландскиот град Крајстчрч беа „нов 11 септември“, изјави имамот Гамал Фуда.
Суданските сили за безбедност утрово употребија солзавец против илјадници антивладини демонстранти, собрани во близина на Генералштабот во Картум.
По одлуката на САД иранската Револуционерна гарда да ја прогласи за странска терористичка организација, иранските пратеници денеска почнаа парламентарна седница извикувајќи „смрт на Америка“.
Шефот на еквадорската дипломатија Хозе Валенсија синоќа изјави дека Еквадор го задржува правото да спроведе истрага за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж поради наводно „протекување“ на информации за приватниот живот на претседателот Ленин Морено.
Турската Врховната изборна комисија (ЈСК) го одби барањето на владејачката Партија на правда и развој (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за пребројување на сите гласови во 31 истанбулски кварт, изјави денеска член на комисијата.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја осуди ескалацијата на насилството околу главниот либиски град Триполи и повика на итно запирање на борбите.
Оваа недела се одржуваат најголемите избори во светот и едни помали, ама значајни. Следуваат најважните и најинтересните приказни во наредните седум денови.