Демократските кандидати за претседател на САД во маратонска емисија на „Си-Ен-Ен“ дебатираа за климатските промени претставувајќи ги гледиштата на опозицијата и прогресивната левица за запирање на глобалното затоплување и напуштање на зависноста од јаглеводородни енергесни.
Претседателот на бразилскиот Сенат, Дави Алколумбре објави денеска дека потпишал договор со Врховниот суд со кој ќе бидат одвоени една милијарда реали (245 милиони американски долари) за заштита на „Амазонија“, пари што се запленети во истрагата „миење автомобили“.
Европската унија воспостави заеднички антитерористички регистар за да го олесни процесуирањето и носењето обвиненија против осомничените милитанти и луѓето кои се враќаат во своите земји по учеството во борбите на страна на Исламска држава во Сирија и Ирак, соопштија денеска претставници на Унијата.
Американскиот гигант, интернет пребарувачот Јаху (Yahoo) денеска имаше голем дефект кој траеше седум часа и претежно ги зафати корисниците во Велика Британија, северна и западна Европа, како и делови во Индија и САД.
Бројот на новорегистрирани автомобили со дизел мотори во земјите на ЕУ е намален од април до јуни за 16,4 отсто, на 1,3 милиони возила, покажуваат статистичките податоци.
Истражните судии задолжени за истрагата за несреќата на летот АФ477 на релација Рио-Париз во 2009 година, наредија ослободување од гонење за производителот на авиони „Ербас“ и компанијата „Ер Франс“, јавува дописникот на МИА.
Британските гласачи претпочитаат Брегзит без договор отколку Џереми Корбин да стане премиер. Тоа е нагласено во анкета на европското издание на Политико.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска во Лондон се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон во момент на политичка криза околу Брегзит.
Британскиот премиер Борис Џонсон нема намера да поднесе оставка, изјави денеска британскиот министер задолжен за координација на планирањето на Брегзит без договор Мајкл Гоув.
Германски обвинители објавија денеска дека баварска компанија е под истрага како доставувач на софтвер за шпионирање на Турција штo се користeл за шпионирање на опозицијата преку телефон.