Над 900 литри нафта истекоа од нафтена платформа во водите на Атлантскиот Океан во близина на бразилскиот брег, формирајќи нафтена дамка на океанската површина.
Британската премиерка Тереза Меј е под притисок на сопствената партија да одреди јасен датум за нејзино заминување, пишува весникот „Гардијан“.
Оклопниот воз на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се очекува утре да пристигне во градот Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде првиот човек на Северна Кореја ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, објавија дел од руските медиуми.
САД синоќа распишаа награда во износ од 10 милиони американски долари за веродостојна информација што би можела да помогне во откривање на изворите на финансирање на либанската милитантна шиитска Божја партија (Хезболах).
Откако Володимир Зеленски ќе стапи на должност претседател на Украина, учесниците во почетокот на конфликтот во Донбас ќе бидат казнети, напиша на својот блог членот на тимот на новиот претседател Иван Апаршин.
Хопкинс е лидер на групата Обединети уставни патриоти, чии припадници тврдат дека во последните 60 дена им помогнале на припадниците на безбедносните сили да уапсат околу 5.600 мигранти во пустината во американската сојузна држава Ново Мексико.
САД најостро ги осудуваат терористичките напади што во Шри Ланка се случија на католички Велигден, соопшти американскиот Стејт департмент
Најмалку осум лица загинаа во земјотресот со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди централниот дел на Филипините
Британските власти пресретнале 36 мигранти при обидт да го преминат каналот Ламанш со мали чамци
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Конгресот „не може да го отстрани” од функцијата, поради наодите на извештајот од истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното мешање на Русија во изборите во САД во 2016 година и неговите обиди да ја попречи истрагата