Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина се многу близу до постигнување трговски договор и оти тој би можел да биде постигнат во рок од четири седмици. Истовремено тој го предупреди Пекинг дека ќе биде многу тешко да се продолжи со тргување доколку не се постигне таков договор.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предложи да и се дозволи на Велика Британија „флексибилно продолжување“ од 12 месеци за напуштање на ЕУ.
Човекот кој ги откри манипулациите со лични податоци, што доведе до скандалот со Кембриџ aналитика (КА), Кристофер Вејли, кој пред околу една година откри и длабоки врски меѓу алтернативните десничарски мрежи и Кремљ, во интервју за „Катимерини“ изјави дека вистинската војна денес се води онлајн.
Велика Британија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Либија, каде се заканува нов воен конфликт.
Компанијата Боинг призна дека грешката во нејзиниот софтвер МЦАС ги предизвика двете неодамнешни авионски несреќи на Боинг 737 Макс 8.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес планира да поднесе тужба со која ќе го блокира трансферот на парите на претседателот на САД, Доналд Трамп потребни за изградба на ѕид на границата со Мексико, изјави денеска претседавачката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.
Големата национална дебата, чија првична анализа се очекува да биде објавена в понеделник, чини околу 12 милиони евра, соопшти денеска еден од координаторите на дебатата, францускиот министер за територијална кохезија Себастијан Лекорну, при сослушувањето пред Сенатот во Париз, јавува дописникот на МИА.
Претставничкиот дом на Конгресот на САД гласаше за ставање крај на американската воена поддршка на Саудиска Арабија за војната во Јемен
Американскиот државен секретар Мајк Помпео, за време на средбата со францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан, предупреди дека даноците што Франција ги воведе за дигиталните гиганти „Фејсбук“ и „Гугл“ ќе им наштетат и на граѓаните на Франција
Командантот на милитантната група Либиска национална армија (ЛНА), генерал Халифа Хафтар најави спроведување офанзива за освојување на главниот град на Либија, Триполи, кој е под контрола на меѓународно признатата Влада на национално единство на земјата