Одлуката на Владата во Венецуела да му забрани на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо да обавува јавни функции наредните 15 години го попречува изнаоѓањето на мирно решение на кризата во земјата, соопшти денеска Меѓународната контакт група за Венецуела.
Во американскиот федералниот суд денеска е поднесена првата тужба против компанијата „Боинг“, поради падот на авионот „Етиопиан ерлајнс“ 737 МАХ на 10 март годинава, кога загинаа 157 лица.
Долниот дом на британскиот Парламент денеска третпат ќе изјасни за Договорот за Брегзит, што Владата во Лондон го постигна со ЕУ лани во ноември.
Силен земјотрес со интензитет од 6,1 степени соред Рихтерова скала регистриран во близина на руските Курилски Острови, југоисточно од полуостровот Камчатка, соопшти Американскиот геолошки институт.
Мексиканските власти денеска прогласија трето „жолто“ ниво на предупредување за опасност од вулканот Попокатепетл, откако се засили интензитетот на исфрлање камења и пепел од неговиот кратер.
Норвешкиот министер за правда Тор Вара денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше обелоденето дека неговата партнерка организирала лажирани напади врз нив, со цел да прикаже во јавноста дека се под закана.
Венецуелската Влада денеска донесе одлука со која му се забранува на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо да извршува јавна функција во следните 15 години
Претседавачот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау вечерва соопшти дека го прифатил барањето на премиерката Тереза Меј, пратениците утре по третпат да се изјаснат за Договорот за Брегзит, што Владата во Лондон го постигна со ЕУ лани во нормври
Најмалку 18 лица загинаа кога возач на камион се втурна во маса народ, кои застанале за да видат сообраќајна несреќа која претходно се случила
Американското Министерство за домување и урбано планирање ја даде на суд социјалната мрежа Фејсбук, поради „ширење, дозволување и предизвикување“ незаконска дискриминација на потенцијалните купувачи на недвижности, објави „Вашингтон Пост“