Руска истражна агенција соопшти дека е уапсен поранешниот министер Михаил Абизов (46) под обвинение дека основал криминална група и проневерил четири милијарди рубљи (околу 62 милиони долари).
Владата на САД немала ништо со упадот во Амбасадата на Северна Кореја во Мадрид, соопшти портпаролот на американскиот Стејт департмент Роберт Паладино.
Руски војници пристигнаа во Венецуела во согласност со воено-техничкиот договор потпишан помеѓу Владата на Москва и на Каракас, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Лидерот на протестите во Алжир, Мустафа Букаки синоќа го одби обидот на армијата да го прогласи за неспособен за извршување на претседателската функција Абделазиз Бутефлика, истакнувајќи оти народот сака консензуална национална влада.
Авион Боинг 737 Макс денеска мораше итно да слета на Флорида поради проблеми со моторот.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс најави дека Американците „по секоја цена“ повторно ќе слетаат на Месечина во следните пет години.
Станските инвестиции во Албанија минатата година забележале историски рекорд, што првпат ја надминува бројката од една милијарда евра.
Долниот дом на Парламентот во Лондон досега во два наврати го отфрли Договорот за Брегзит, што лани во ноември го постигнаа Владата на британската премиерка Тереза Меј и Брисел.
Хамас се согласи со планот за прекин на огнот со Израел, изјави денеска високиот претставник на ова палестинско радикално движење, Исмаил Радван.
Сириските државни медиуми јавија дека на протестите присуствувале „голем број мажи и жени“, кои носеле сириски и палестински знамиња и транспаренти со натпис „Голан е сириски“