По двегодишни честопати вжештени дебати, Европскиот парламент денеска ги усвои новите правила за авторските права, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Францускиот претседател Емануел Макрон го потврди денеска „историскиот ривалитет“ меѓу Европската унија и Кина и ги повика двете страни на јакнење на мултилатерализмот, додека шефот на кинеската држава Си Џинпинг рече дека соработката е главниот тек во односите меѓу Кина и Европа и дека тие ривалства се безопасни.
Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска ја критикуваше одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за признавање на суверенитетот на Израел над Голанска Висорамнина, и таквиот чекор на Вашингтон го оцени како спротивен на меѓународното право.
Во неколку градови ширум Германија, беа евакуирани градските собранија по дојави за поставени бомби, објави весникот „Билд“.
Христијанските гласачи во индискиот град Мумбај бараат повеќе гробни места пред одржување на националните избори следниот месец, тврдејќи дека се приморани да ги ставаат телата на починатите едно преку друг, бидејќи гробиштата се пренатрупани.
Првата прошетка во Вселената, во која би учествувале само жени е откажана поради проблеми со скафандерот, соопшти американската вселенска агенција НАСА.
Повеќе од 100 членови на Конзервативната партија во Велика Британија се подготвени да го поддржат истапувањето на земјата од Европската унија, по што таа би имала статус како Норвешка, објави британскиот весник „Сан”, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.
Основачката на женското списание на Ватикан, Лучета Скарафија, како и редакцијата составена само од жени, денеска поднесоа оставка и соопштија дека тоа го направиле бидејќи Ватикан повел кампања за да ги дискредитира и стави под „директна контрола на мажите“, која е зголемена откако го осудиле сексуалното злоставување на милосрдните сестри.
Австриската полиција изврши претрес во стан на десничарското движење „Идентитарист“ Мартин Селнер поради можна врска со Брентон Тарант, кој во напад на две џамии на Нов Зеланд уби 50 муслимански верници.
Претседателот на Партијата на Финците Јуси Хала-ахо изјави дека видеото прикажано во кампања во кое се прикажува чудовиште што се заканува на политичар, не претставува поттик за насилство.