Бројот на жртвите од катастрофалниот циклон кој го погоди Мозамбик се зголеми од 417 на 446, соопшти денеска министерот за екологија на таа земја Целсо Кореја, додавајќи дека 531.000 луѓе се загрозени од оваа катастрофа
Илјадници луѓе се собраа денеска во повеќе новозеландски градови во спомен на 50 убиени муслимани во Крајстчрч, но и во знак на протест против расизмот
Екипажот на бродот за крстосување, чии мотори откажаа вчера во близина на норвешкиот брег, успеа да стави во функција три од четири мотори и според одредени извештаи, воспоставена е контрола над бродот
Извршниот директор на Етиопиан Ерлајнс Теволде Гебремариам, по несреќата на атиопскиот авион во кој загинаа 157 лица, изјави дека предупредувањата и барањата за дополнителна обука за сега приземјените Боинг 737 Макс авиони, можеби биле недоволни
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД и натаму ќе бидат внимателни кога е во прашање терористичката група „Исламска држава“ и ги предупреди евентуалните регрути дека ќе бидат „мртви“ ако се придружат на џихадистите
На Тајланд денеска се одржуваат првите општи избори по државниот удар во 2014 година се. Околу 50 милиони гласачи ќе изберат 500 членови на Претставничкиот дом
Сите 1.300 луѓе кои беа на крузерот на која му откажа моторот недалеку од западниот брег на Норвешка се спасени, соопштија норвешките официјални претставници
Министрите во британската Влада отворено се побунија против премиерката Тереза Меј и побарале нејзина смена, а преговорите за Брегзит би ги завршил привремен премиер, јавуваат британските медиуми
Два силни земјотреси денеска ја погодија Индонезија, Молучките Острови и островот Сулавези, а засега нема извештаи за жртви или за материјална штета