На Тајланд денеска се одржуваат првите општи избори по државниот удар во 2014 година се. Околу 50 милиони гласачи ќе изберат 500 членови на Претставничкиот дом.

Тајланд е под директно воено владеење од државниот удар во 2014 година, кога тогашниот воениот командант и актуелниот премиер Прајут Чан-оча ја собори владата поврзана со поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој е во егзил. Тој беше соборен со државен удар во 2001 година и замина во егзил за да избегне затворска казна, а од 2001 година партиите поврзани со него победуваа на сите избори.

На изборите се очекува висока излезност, откако тајландскиот крал побара да бидат „поддржани добрите лидери за да се избегне хаос во земјата“. Сите телевизии на Тајланд го емитуваа едно од ретките обраќања на кралот Маха Ваџиралонгкорн, направено неколку минути пред отворањето на избирачките места.

Тајланд е уставна монархија и по традиција кралскиот двор не се меша во политиката.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2019 13:04