Висока американска претставничка за контрола на оружје денеска изјави дека иранската ракетна програма го дестабилизира Блискиот Исток и го зголемува ризикот од „регионална трка во вооружување”.
Бројот на жртвите во поплавите и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните дождови во индонезиската провинција Папуа се искачи на 89, околу 160 луѓе се повредени, а десетици луѓе се водат како исчезнати.
Во мултимилијардерската индустрија на туризмот, алкохолот има огромен удел. Мали проблеми околу тоа настануваат само на Средниот Исток и во делови на Северна Африка, каде во сила е Шеријатски закон.
Францускиот премиер Едуар Филип објави забрана за Жолтите елеци на авенијата Шанзелизе и уште во два града, бидејќи во саботата при немирите беа ограбени и запалени луксузни продавници, а сменет е и шефот на париската полиција.
Непознато лице со нож денеска влегло во училиште во Осло и повредило четири вработени, меѓу кои и еден наставник.
Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека никогаш нема да го изговори името на напаѓачот од Крајстчрч, кој во две џамии уби 50 лица.
Холандската полиција уапси уште едно лице под сомнение за поврзаност со нападот во Утрехт при што загинаа три лица, а петмина се повредени.
Со спојување на Дојче банк и нејзиниот ривал Комерцбанк, на долгорочен план би можело да резултира со укинување на дури 30.000 работни места, изјави претставникот на германскиот синдикат Верди и член на Надзорниот одбор на Дојче банк, Јан Душек.
Околу 1.000 припадници на венецуелските безбедносни сили дезертираа и пребегнаа во Колумбија од минатиот месец, оставајќи ги зад себе своите униформи и оружјето, соопштија денеска колумбиските власти.
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп поднесе предлог буџет за 2020 година кој предвидува намалување на средствата за меѓународни програми за 22 процента, вклучувајќи и укинување на три сервиси на Радио Слободна Европа (РСЕ), како и „прекинување на операциите во Црна Гора и Македонија”. Со буџетот помалку средства се предвидени и за Гласот на Америка и Радио Слободна Азија.