САД ја губат својата позиција во однос на Русија и Кина, пишува германското списание „Шпигел“. На безбедносната конференција во Минхен, американскиот потпретседател Мајк Пенс зборуваше за „американско лидерство”.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и неговиот портпарол денеска одбија да кажат дали Абе го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, иако го пофалија Трамп за иницирањето преговори и смирувањето на тензиите со Северна Кореја.
На светските пазари цените на нафтата минатата недела силно се зголемија, достигнувајќи највисоко ниво од ноември минатата година, бидејќи членките на ОПЕК се придржуваат на договорот за намалување на производството и затоа што Саудиска Арабија најави дополнителни намалувања.
Голем број австралиски партии беа погодени од хакерски напад во Парламентот на земјата, изјави премиерот Скот Морисон.
На делегацијата од Европралемантот,не и беше дозволено да влезе во Венецуела и синоќа се врати во Мадрид. Дипломатската група осставена од пет лица отпатува кон Каракас на покана на самопрогласениетот привремен претседател на земјата Хуан Гваидо.
Американскиот претседател Доналд Трамп не верува на американското разузнавање кое тврди дека Северна Кореја има ракети со дострел до бреговите на САД, бидејќи рускиот лидер Владимир Путин го уверил дека такво оружје нема, тврди поранешниот директор на ФБИ Ендрју Мекејб.
Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека единствено сириската држава може да ги заштити групите кои се на северот на земјата.
Израел ќе одбие околу 138 милиони долари од даночните приходи што ги собира во име на Палестинските власти како одговор на тоа што тие финансираат семејства на Палестинци уапсени поради насилства против Израел, соопштија денеска израелски официјални лица.
Американскиот претседател Доналд Трамп подготвен е првпат да употреби вето ако Конгресот биде против неговата објава за вонредна состојба долж границата со Мексико. Тоа го нагласи денеска во изјава за ТВ Фокс, Стивен Милер советник на Трамп.
Европската комисија предложи седум нови земји меѓу кои Саудиска Арабија да се стават на црната листа на ЕУ со држави што не се борат доволно со перење пари и финансирање тероризам.