Кина ги отфрли наводите на „Волстрит Џурнал“ дека кинески дипломати разговарале со претставници на опозицијата во Венецуела за да ги заштитат своите инвестиции во земјата, нарекувајќи ги ваквите тврдења „лажни вести“.
На Германија до 2060 година ѝ требаат најмалку 260 илјади нови работници од мигрантско потекло годишно, за да ги задоволи своите потреби и да го покрие демографскиот недостиг, јави Дојче Веле.
Државниот долг на САД достига рекордно ниво од над 22 трилиони долари, соопшти американското Министерство за финансии.
Тајландската принцеза Уболратана Махидол (68), и се извини на јавноста поради „проблемот“ што го предизвика со својата кандидатура за премиерка на претстојните избори.
Светот е соочен не само со низа од кризи, туку и со системска трансформација на меѓународните односи, па затоа голема непознаница е каков ќе биде новиот светски поредок, а во 2019 година ќе се дознае дали Западен Балкан се уште верува во европските вредности.
Советските власти самите ја осудија крвавата окупација на СССР на Авганистан, но 30 години подоцна одредени кругови во Русија на Владимир Путин се обидуваат да гледаат на операцијата во попозитивно светло.
ЕУ и САД размислуваат за воведување дополнителни санкции кон Русија, поради задржувањето на 24-темина украински војници од страна на припадници на руската Воена морнарица во близина на Крим лани во декември, тврдат дипломатски извори.
Адвокатот на Хоакин Гусман, познат како „Ел Чапо“ изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата за неговиот клиент.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Русија е против употреба на сила во Венецуела.
Озлогласениот мексикански нарко-бос Хоакин Гусман (61), познат како „Ел Чапо“, денеска од страна на американски суд е прогласен за виновен поради организирање шверц на огромно количество дрога.