Иран денеска претстави нова крстосувачка ракета со дострел од 1.300 километри, јави државната телевизија во време кога земјата ги прикажува достигнувањата при прославата на 40-годишнината од Исламската револуција.
Претседателот на венецуелскиот Парламент и опозициски лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател денеска ги повика своите прврзаници да се вратат на улица ширум земјата со цел да го засилат притсокот врз претседателот Николас Мадуро да замине од функцијата.
Иранската државна телевизија објави дека во денешниот напад врз база во градот Никшар на паравоените сили Басиџ, една од петте вооружени формации на Револуционерната гарда, едно лице загина, а петмина се повредени.
На небото над Куба експлодира метеор чии делови паднаа на тлото.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс синоќа изјави дека поминало времето за дијалог со Венецуела, како и дека сите опции се на маса.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера најави денеска дека САД од денеска ќе ја прекинат примената на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).
Движењето „жолти елеци“ најавија составување на посебна листа за изборите за Европскиот парламент, најавувајќи дека ќе го носат „гласот на безгласните“ и „ќе развијат една социјална Европа“, јави дописникот на МИА.
Доколку се намали воениот притисок од страна на САД и сојузниците, терористите од Исламска држава можат да ги вратат загубените позиции за помалку од една година, се наведува во извештај што Пентагон планира да го објави следната недела, дознава Ен-Би-Си Њуз.
Москва е подготвена да разговара за Договорот за нуклеарните сили со среден дострел (ИНФ), откако Вашингтон соопшти дека се повлекува од него, соопштија руски медиуми, повикувајќи се на изјава на портпаролката на руското МНР Марија Захарова.
Тројца мажи од исто семејство, осомничени дека му го обезбедиле оружјето на Шериф Шекат, кое тој го употребил при извршување на терористичкиот напад во Стразбур на 11 декември минатата година, се изведени попладнево пред истражен судија во Париз, со можност против нив да биде покренато обвинение, јави дописникот на МИА.