Луѓето во светот имаат поголема доверба во своите компании отколку во политичките лидери, покажа истражување кое во исто време укажа на доминантна несигурност и песимизам пред Светскиот економски форум во Давос.
Дел од предвидувања на Фајненшал тајмс за 2019 година. Во 2018 година осум од нивните 20 анализи беа погрешни.
САД ќе почнат процес за службена екстрадиција на директорката на Хуавеј Менг Ванжу од Канада, изјави канадскиот амбасадор во САД Дејвид Мекнотон, што е чекор кој дополнително ќе ги отежне односите со Кина.
Германскиот министер за правда Катарина Барли изрази разочараност од планот на британската премиерка Тереза Меј за ќорсокакот за прашањето за брегзит.
Романскиот министер за правда, Тудорел Тоадер, вчера потврди дека се подготвува итно усвојување на законот за амнестија за корупција, Брисел изразува загриженост, јави дописничката на МИА од Брисел.
Предлог законот за намалување на возраста за казена одговорност на 9-годишни деца на Филипини предизвика критики на организации за човекови права и законодавци кои предупредуваат дека тој потег може да им наштети на децата наместо да им помогне.
Универзитетот Нотрдам во САД соопшти дека ќе ги покрие муралите на оваа католичка образовна установа, кои го прикажуваат пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка. Тоа следи по критиките дека тие се навредливи и понижувачки кон домородните Американци.
Белгиската Влада ќе побара од Европската Унија да ги омекне привремено строгите европски правила кои се однесуваат на државната помош за приватните компании поради Брегзит, јави дописничката на МИА во Брисел.
Два силни земјотреси со јачина од шест и 6,6 степени денеска ја погодија областа јужно од индонезискиот град Раб, на островот Сумбава, а опасност од цунами не е објавена.
Високата претставничка за надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека контакт групата на ЕУ за Венецуела би можела да почне да работи од февруари, јави дописничката на МИА од Брисел.