Европратениците вчера не постигнаа согласност за начинот на кој ќе треба да му се стави крај на сезонската промена на пресметување на времето, јави дописничката на МИА во Брисел.
Емануел Макрон и Ангела Меркел денеска треба да го потпишат текстот на договор за јакнење на француско-германските односи за да испратат позитивна порака до Европската унија ослабена со порастот на национализам, јавува дописникот на МИА.
Весникот Политико Европа открива денеска дека истакнатиот европратеник од Германија, Елмар Брок, им наплаќал на своите гласачи 150 евра за посети во Европскиот парламент, јавува дописничката на МИА во Брисел.
Русија ги разгледува сите можни опции за понатамошните односи со Советот на Европа (СЕ), вклучувајќи и излез од организацијата, ако не престане дискриминацијата на руската делегација во Парламентарното собрание на СЕ (ПССЕ), изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко.
Врховниот суд на Венецуела го прогласи за нелегитимно раководтсвото на Парламентот што е единствената државна институција под контрола на опозицијата и не го признава од своја страна, вториот мандат на претседателот Николас Мадуро.
Светските политички и бизнис лидери се собираат во швајцарскиот град Давос оваа недела за да разгледаат каква политика ќе следат соочени со опасностите предизвикани од забавениот економски раст.
Британската премиерка Тереза Меј го објави својот „план Б“ за Брегзит, кој многу наликува на „планот А“, во обид во Парламентот да издејствува усвојување на отфрлениот договор за излез на Велика Британија од ЕУ откако ќе обезбеди промена на ставот на Унијата за границата со Ирска.
Во 2018 година во Мексико се регистрирани 33.341 убиство што е највисока цифра за државата откако се води статистика во 1997 година.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска телефонски разговараа за повлекувањето на војниците на САД од Сирија и за билатерални прашања, соопшти претставник на Министерството за надворешни работи на Турција.
Оваа држава со скоро 37 милиони жители се соочува со проблеми поради стареењето на популацијата, падот на наталитетот и недостатокот на работна сила па се одлучи да ги отвори границите за жителите на другите земји.