Терористичката „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот врз војници во Нигер во близина на границата со Мали
Хезболах би можел да го искористи израелско – либанскиот спор околу поморската граница како изговор за војна со Израел, тврди израелскиот портал „Вајнетњуз“
Во Норвешка во тек се преговори меѓу венецуелската Влада и опозицијата, потврди денеска венецуелскиот амбасадор во ОН Хорхе Валеро. Средбата се одржува со цел да се изнајде решение за кризата по неуспешниот бунт против претседателот Николас Мадуро
Белата куќа не ја потпиша меѓудржавната иницијатива наречена „Повик на Крајстчрч“, поддржана и од главните технолошки компании, за спречување на ширење екстремизам на интернет
Легендарниот првак на светот во шах Гари Каспаров, на меѓународниот форум на Мајкрософт „Светла иднина на луѓето + машините“ во Атина, изјави дека машините нема да ја заменат човековата креативност
Девет американски сојузни држави поднесоа барање до Апелацискиот суд во Денвер за на трансродната личност Дани Зим да му се дозволи во пасошот да се изјасни со небинарен пол, односно со симболот „X“ наместо машки или женски пол.
Романската Национална метеоролошка служба издаде жолт метео аларм и предупредување за обилни врнежи од дожд во 12 окрузи, како и предупредување на зголемување на водостојот во остатокот од државата.
Сегашниот состав на Европската комисија, чиј мандат истекува на 31 октомври, би можел да остане подолго на должност, поради процесот на назначување на новите функционери, најави денеска еврокомесарот за буџет Гинтер Етингер, во интервју за европскиот весник „Политико Европа“.
Британските авиони „Јурофајтер тајфуни“ денеска пресретнаа два „Сухој – 27“ и „Иљушин – 22“ над Балтикот и ги следеле кон Русија, соопшти британското Министерство за одбрана.
Со намалување од 0,1 процентен поен во првиот квартал, невработените претставуваат 8,4 отсто од работната сила во Франција, покажуваат денеска објавените податоци од страна на ИНСЕЕ – Францускиот институт за економски и статистички студии, јави дописникот на МИА.