Студиото Истабрук Аркитектс, со седиште во Глостер, го заврши проширувањето на камена куќичка од 19 век во Коцволд, Велика Британија.
Европската електродистрибутивна мрежа минатата недела се нашла на работ на крах, поради што постоела опасност десетици милиони домаќинства во Европа да останат без електрична енергија, тврди виенскиот весник „Стандард“.
По одлуката на британскиот Парламент за отфрлање на Договорот за Брегзит, ЕУ би можела да се согласи на одлагање на истапувањето на Велика Британија од Унијата, доколку Лондон предложи план за продолжување на целиот процес, изјави кандидатот на Европската народна партија (ЕПП) за нов претседател на Еврокомисијата, Манфред Вебер.
Белгиската полиција истражува дали членови на поранешната владејачка партија, Нова фламанска алијанса (Н-ВА) нелегално продавале хуманитарни визи во Сирија и Ирак, јави дописничката на МИА во Брисел.
Кина по успешната мисија на темната страна на Месечината планира следната година да испрати вселенско летало на Марс.
Откако британскиот Парламент го отфрли Договорот за Брегзит, неизбежно треба да следи одлагање на истапувањето на Велика Британија од ЕУ, оцени поранешниот британски премиер Тони Блер.
Најтоплиот ден во историјата на Австралија е регистриран во декември минатата година, кој воедно е и најтопол месец.
Шефот намакедонскиот технички тим за преговори со ЕУ , Бојан Маричиќ, кој деновиве престојува во Брисел во рамките на техничкиот скрининг процес со Европската Комисија, за МИА вели дека Европската Комисија и земјите членки треба да бидат свесни дека имплементацијата на важен дел од Преспанскиот договор е поврзан со отпочнувањето на преговорите со ЕУ.
Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија дадоа согласност за воведување санкции против руските разузнавачи, Руслан Боширов и Александр Петров, кои се осомничен за труењето на двојниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка лани во март.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја претстави новата стратегија за противракетна одбрана на САД.