Од друга страна, Болсаонаро рече дека Гваидо е поздрав за надеж дека ќе се врати “слободни, демократски и просперитетни Венецуелци”.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека коалицијата предводена од САД успеала во Сирија да поврати 100 отсто од територијата што некогаш беше под контрола на терористичката „Исламска држава“.
Британскиот министер за земјоделство, Џорџ Јустис денеска најави оставка поради одлуката на премиерот Тереза Меј да му понуди на Парламентот да гласа за евентуално одложување на Брегзит.
Северна Кореја за време на средбата меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предложи да го демонтира својот нуклеарен комплекс Јонбон во замена за делумно укинување на санкциите, се наведува во декларацијата која вечерва во Ханој ја објави севернокорејската делегација.
Индија денеска ја поздрави одлуката на Пакистан да го ослободи заробениот индиски пилот, чиј авион МиГ-21 беше соборен за време на судирот меѓу двете сили во областа Кашмир.
Државниот обвинител на Израел денеска соопшти дека против премиерот на таа земја Бенјамин Нетанјаху поднесено е обвинение поради корупција.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот поранешен адвокат, Мајкл Коен, „многу лажаше“ за време на вчерашното сведочење во Конгресот, кога тој го окарактеризира претседателот како „расист и измамник“.
Лидерот од сенка Џон Мекдонел изјави дека партијата ќе поднесе свои амандмани во врска со одржување на референдум, кога ќе се врати предлогот на Тереза Меј за Брегзит во парламентот. Тој најави, дека на евентуалниот нов референдум, ќе гласа за останување на Велика Британија во ЕУ.
Многу познати јавни личности потпишаа петиција во Словенија, со која се бара од државата законски да им дозволи на смртно болни луѓе право на евтаназија.
Министерството за здравство на Конго соопшти дека четворица пациенти, кај кои е потврдена ебола, исчезнале по вчерашниот напад на медицинскиот центар во источниот град Бутембо.