Поранешниот шеф на Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, во текот на неколку месеци во средината на 2016 година давал податоци од предизборни анкети на соработник, кој бил поврзан со руските разузнавачки служби, се наведува во сускиот документ со вчерашен датум.
Возот со Ким Џонг-ун замина од Пекинг, каде што лидерот на Северна Кореја престојуваше во дводневна посета. Тој имаше средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која се претпоставува дека зборувале за можен втор Самит на САД и Северна Кореја, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
Леси Браун од американската сојузна држава Охајо, која лани наполни 114 години, и за која се веруваше дека е најстарата личност во САД, почина вчера, соопшти нејзиниот внук Роналд Вилсон.
Полетувањата на авиони од аеродромот „Хитроу“ во Лондон од синоќа се обновени откако претходно беа прекинати, бидејќи во близина бил забележан дрон.
Унгарците во Белгија синоќа одржаа протестен собир пред европските институции, на кој говореја бројни унгарски опозиционери.
Ирачките безбедносни сили утрово почнаа акција за отстранување на знамињата на Курдската регионална управа (КРГ), кои тајно беа поставени на повеќе локации во Киркук.
Колегите на кинескиот научник Хе Џианкуј, кој тврди дека создал генетски модифицирани близнаци, отпорни на вирусот на СИДА, тврдат дека му се заканува строга казна, па дури и смртна, поради истражувањата, кои многумина ги сметаат за одвратни.
Владата на британската премиерка Тереза Меј синоќа претрпе нов пораз во Парламнетот во Вестминстер, откако пратениците усвоија амандман со кој на владиниот Кабинет му се поставуваат нов ограничување за Брегзит без договор.
Вкупниот број на полициски службеници во ЕУ во 2017 година изнесувал 1.643.000 лица, што претставува намалување за речиси три проценти во споредба со 2010 година, покажува анализа на европската статиситчка агенција Евростат.
Русија е подготвена да разговара на дипломатско и на воено ниво со САД за Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел (ИНФ), изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков..