Неидентификуван Австралијанец денеска со џип удрил во автомобил на сиднејската полиција, грабнал комби и такси возило, налетал на други автомобили и со нож ранил случаен минувач, по што извршил самоубиство пред полицајците.
Непознати хакери украле милиони податоци на германски политичари, новинари и познати личности, објави германскиот весник „Билд“, истакнувајќи дека ова можеби е најголемиот хакерски напад во историјата на Германија.
Хуманитарните бродови „Си Воч 3“ и „Си Ај“, кои пренесуваат педесетина мигранти спасени во Медитеранот, сѐ уште чекаат дозвола да се вкотват во некое европско пристаниште. Германија врши притисок за „солидарно“ решение.
Шефот на групата на европските либерал-демократи (АЛДЕ) во Европскиот парламент, Ги Верхофштат, преку социјалните мрежи се закани со исклучување на романската сестринска партија, која е дел од владејачката коалиција.
Во Њујорк во текот на 2018 година се извршени рекордно мал број убиства, соопштија полициските служби.
Оваа година не очекуваат три затемнувања на Сонцето и две на Месечината. За жал, затемнувањата на Сонцето нема да можат да се видат од нашиот регион.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно на социјалните мрежи ја употреби репликата од серијата „Игра на престолот“, но овојпат поради ѕидот на границата со Мексико.
Лондонските аеродроми „Гетвик“ и „Хитроу“ нарачаа воена опрема за заштита од дронови, вредна неколку милиони фунти, откако неодамна се случија инциденти со овие беспилотни летала, поради што воздушниот сообраќај во неколку наврати беше во прекин, објави „Тајмс“.
Пет палестински политички групи фомираа нов блок, чија идеја е да претставува конкуренција на умереното движење Фатах (Победа) на палестинскиот претседател Махмуд Абас и на радикалното Исламскo движење на отпорот (Хамас).
Поранешниот американски маринец Пол Велан е обвинет во Русија за шпионажа и доколку биде осуден, му се заканува казна затвор од 20 години.