Рускиот престедател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Сирија, како и за одлуката на САД да ја повлечат војската од таа земја, соопшти Кремљ.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска реагираше на барањето на некои демократски конгресмени за негово отповикување од функцијата, оценувајќи дека е премногу успешен за да биде отповикан.
Ресторан за француска и виетнамска храна во градот Кин, Њу Хемпшир, САД, по налог на градските власти, ќе мора да го смени името оти тоа, според нив, звучи премногу безобразно.
Едно лице е хоспитализирано и ставено во карантин во Универзитетската болница во шведскиот град Упсала, поради сомнеж дека е заразено со вирусот на ебола, соопштија денеска шведските власти.
Британската премиерка Тереза Мај денеска ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во надеж дека од Брисел ќе ги добие отстапките, кои и се потребни договорот за Брегзит да биде одобрен од британскиот Парламент.
Дел од припадниците на „жолтите елеци“ повторно се мобилизираат поради апсењето на Ерик Друе, еден од неформалните лидери на движењето. На социјалните мрежи се испраќаат пораки кои повикуваат на нови собири во Париз, јави дописникот на МИА.
Британската армија почна кампања за регрутирање во која ги повикува „снегулките, милениумците и зависниците од селфи“ да се приклучат во нејзините редови.
Иранската морнарица од март ќе распореди воени бродови во западниот дел на Атлантскиот океан, изјави денеска еден од иранските команданти.
Неидентификуван Австралијанец денеска со џип удрил во автомобил на сиднејската полиција, грабнал комби и такси возило, налетал на други автомобили и со нож ранил случаен минувач, по што извршил самоубиство пред полицајците.
Непознати хакери украле милиони податоци на германски политичари, новинари и познати личности, објави германскиот весник „Билд“, истакнувајќи дека ова можеби е најголемиот хакерски напад во историјата на Германија.