Турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган изјави денеска дека разговарал со претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Петро Порошенко за можноста да биде посредник во смирувањето на тензиите настанати по инцидентот меѓу Москва и Киев во Азовското Море.
Листата на Форбас на најбогати луѓе во светот ги ажурираше најновите податоци за 2018 година, но и натаму на прво место е основачот на Амазон Џеф Безос. Богатство на основачот на фирмата за онлајн трговија во периодот од 2016 до 2017 година речиси го удвои богатството со над 100 милијарди долари. Имотот на Безос сега се проценува на 112 милијарди долари.
Русија воведе ефикасна блокада на двете главни украински пристаништа во Азовското Море – Бердјанск и Мариупол, не дозволувајќи во нив да впловат или испловат какви било бродови, тврди министерот за инфрастуктура на Украина, Володимир Омељан.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оцени дека муслиматите се самите виновни за тоа што им се случува и за кризите во нивните земји.
Црнците се изложени на системска дискриминација на целата територија на Европската унија, се наведува во извештај на Агенцијата на ЕУ за фундаменталните права.
Водечките индекси на Берзата во Њујорк синоќа на крајот на работниот ден, забележаа раст од околу 2,5 проценти, откако Управата на федералните резерви (Фед) навести забавување на растот на каматните стапки.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика лидерите на земјите од Г-20 да заземат посилна лидерска улога и да преземаат похрабри акции заради справување со критичните проблеми предизвикани од климатските промени кои водат до нееднаквост.
Саломе Зурабишвили, поддржана од владејачката партија „Грузиски сон”, победи на вчерашните претседателски избори во Грузија, освојувајќи речиси 60 проценти од гласовите.
Украинскиот претседател Петро Порошенко го обвини неговиот руски колега Валдимир Путин дека сака да ја анектира цела Украина кон Русија и го повика Западот да му пружи помош на Киев.
Европската унија е „исклучително загрижена“ поради „опасното зголемување“ на тензиите меѓу Русија и Украина во Азовско Море. Сепак, не се планирани нови санкции против Москва, соопштија владите на 28-те членки на Унијата.