Една демонстрантка загина, 47 лица беа повредени при денешните протести во Франција против покачувањето на цените на горивото, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.
Москва ќе биде подготвена за продолжување на трасата на гасоводот „Турски поток“ кон Европа, дури откако ќе добие гаранции од ЕУ дека и овој проект нема да ја доживее судбината на „Јужен поток“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интревју за весникот „Српски телеграф“.
Гласот на Елвис Присли одекна синоќа во Белата куќа, кога за време на церемонија на врачување на „Медалот на слободата“ беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“.
Аргентинската подморница „Сан Хуан“, која пред една година исчезна со 44 членови на екипажот, е пронајдена во длабочините на Атлантскиот Океан, соопшти Воената морнарица на Аргентина.
Протестните собири против високите цени на горивата во Франција започнаа денеска со трагичен инцидент, кога автомобил прегази и усмрти учесничка на протестите.
Деца од целиот свет ја изразија својата загриженост поради глобалноот затоплување и климатските промени, помагајќи во изработката на најголемата разгледница на светот на еден глечер на швајцарските Алпи.
Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги треба да им дадат објаснување на САД за својата постапка, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс.
Админстрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се пдоготвува да го обвини Иран за кршење на Меѓунардониот договор за забрана на производство и употреба на хемиско оружје, соопштија аномини извори од Белата куќа.
Кина и Русија денеска на Самитот на Организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), што се одржува во Папуа Нова Гвинеја, предупредија дека на глобалната економија и се заканува опасност од растечкиот протекционизам.
Предлог-договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, што го постигнаа преговарачите на Брисел и Лондон, нема да добие поддршка во Парламентот во Вестминстер, изјави синоќа поранешниот британски министер за Брегзит, Дејвид Дејвис.