Состојбата во Демократска Република Конго станува крајно тензична во предвечерието на претседателските избори предвидени за крајот на годината.
Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека централните банки ширум светот треба да размислат за издавање дигитална валута.
Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си- н-Ен против администрацијата на Доналд Трамп, велејќи дека новинарот нема уставно право на пристап до канцеларијата на претседателот на САД.
Американското списание „Форбс“ објавио листа на познати личности кои и после смртта заработуваат милиони, а на прво место се уште е пејачот Мајкл Џексон.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и САД се долгогодишни сојузници кои треба да се почитуваат меѓусебно и оти Франција е сојузник, а не соперник на САД.
Европската комисија вечерва му предложи на Европскиот совет да го одобри договорот постигнат во преговорите за истапување на Велика Британија од ЕУ.
Властите ја ангажираа Армијата за справување со вонредната состојба и апелираа да граѓаните да не ги напуштаат своите домови без поголема потреба.
Таа претходно денеска во Парламентот изјави дека дека нацрт договорот за излез од ЕУ го доведува Лондон значително поблиску до она за што гласаа Британците кога одлучија да ја напуштат Унијата.
Телевизијата Фокс Њуз соопшти дека се приклучува кон тужбата на Си-Ен-Ен против Белата куќа за одземањето на акредитацијата на телевизискиот новинар Џим Акоста.
Поддржувачите на Брегзит во партијата на Тереза Меј „најверојатно“ утре ќе повикаат да се гласа недоверба на лидерката, соопшти политичкиот уредник на Би-Би-Си Лора Кунсберг, повикувајќи се на висок член на Конзервативната партија.