Стотици биволи се удавија во река на границата меѓу Боцвана и Намибија, кои бегале од лавови, соопштија локалните власти.
Израелскиот уметник Итај Залаит на еден од големите плоштади во Тел Авив постави скулптура од министерката за култура Мири Регов, подбивајќи се со неа.
Најмалку 13 луѓе се убиени во нападот во кантри барот „Бордерлајн“ во Таузенд Оукс, соопштија локалните власти истакнувајќи дека меѓу загинатите е и напаѓачот.
Извозот на Кина во октомври се зголеми многу повеќе отколку што се очекуваше, особено во САД нивни најголем пазар, што е последица на зголемени порачки од САД и покрај можните нови увозни царини.
Турските власти запленија 31 килограм и 165 грама кокаин при четири акции спроведени на аеродромот Ататурк во Истанбул.
Европската Народна партија овие два дена го бираше својот кандидат за претседател на Европската Комисија, но за новинарите, како и за јавноста преовладуваше интересот за иднината на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан во демохристијанското семејство.
Романските власти денеска побараа од Сенатот да го укине имунитетот на претседателот на таа институција Калин Попеску Таричану, со цел да биде овозможена истрага за тоа дали зел мито во износ од 800 илјади долари од една австриска компанија.
Шпанската полиција спречила планиран напад врз шпанскиот премиер Педро Санчез, јави ДПА. Каталонската полиција објави денеска на Твитер дека уапсила човек кој „сакал да го убие” Санчез и оти пронашла голема количина оружје во неговиот дом.
Преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние изјави денеска дека во преговорите за излегување на Британија од тој блок има уште „јазови кои треба да се премостат“ во момент кога истекува време за постигнување договор и негово усвојување.
Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Канг Кјунг-ва денеска изјави дека американски функционери го информирале Сеул дека Северна Кореја ги откажала разговорите за денуклеаризација меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и високорангираниот севернокорејски функционер Ким Јонг-чол.