Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигна во Либан, во момент кога регионот остро ја критикува изјавата на претседателот Доналд Трамп дека е време САД да го признаат израелскиот суверенитет над окупираните територии на Голанска Висорамнина.
Бројот на жртви од поплавите во Мозамбик, предизвикани од циклонот „Иади“, би можел да се зголеми двојно, од 550 да ја помине бројката 1.000.
Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права го осуди Изреал поради употреба на „незаконска и смртоносна прекумерна сила“ врз учесниците на минатогодишните протести во Појасот Газа, кога беа убиени 189 Палестинци, а ранети повеќе од 6.100 лица и повика сторителите на насилството да се соочат со правни последици за своите дела.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на признавање на суверенитетот на Израел над Голанска Висорамнина ја оцени како „несреќна“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика на борба против исламофобијата, налик на борбата против антисемитизмот после холокаустот.
Холивудската ѕвезда Кејт Бланшет смета дека има проблем да се исклучи од „светот на социјалните мрежи“, коишто како и целото општество денес, вршат „многу повеќе притисок на жените отколку на мажите“.
Кремљ денеска соопшти дека се надева оти повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на суверенитетот на Израел над Голанска Висорамнина ќе остане само апел.
Јужна Кореја денеска соопшти дека Северна Кореја го повлекла својот персонал од меѓукорејската канцеларија за врски во таа земја.
Во текот на оваа недела во Берлин ќе пристигнат 1.500 американски војници кои потоа продолжуваат во Полска, на полигонот за воени вежби со војската на таа држава.
Најавувајќи го Самитот на ОН за климатските промени, кој ќе биде одржан во септември, генералниот секретар на Он Антонио Гутереш истакна дека протестите на младите треба да инспирираат на конкретни акции.